Излезноста до 15 часот е 34,58% најмногу гласале во Новаци, а најмалку гласови има во Центар Жупа

 Излезноста на претседателските избори 2024 до 15 часот е 34,58. Нахмногу гласови има Општина Новаци, а најмалку гласови има во Општината Центар Жупа...

Државната Изборна Комисија (ДИК) заклучно со 15 часот попладне излезе со известување до јавноста дека до 15 часот излезноста за  претседателските избори кои денеска се одржуваат е 34,58%. Најголем број на гласови т.е излесност има во Општината Новаци и тоа 59,67, а најмал број на гласови т.е излезност има во Општината Центар Жупа и тоа 13,11%. Во Прилеп излезноста до 15 часот е 40,76%.

Имено, од вкупно запишаните 1.092.341 гласач на овие избирачки места гласале 392, 89%, а има вкупно 2.110 избирачки места.

Инаку, до подготовка на овој прилог до ДИК се доставени вкупно 233 преговори за заштита на лично избирачко право. Од нив 38 преговори се усвоени, а на избирачите им е дозволено да го остварат своето право на глас на претседателските избори 2024 година.Од пристигнатите 233 преговори 21 приговор се отфрлени и одбиени, а другите преговори се во преработка.

На страницата rezultati.sec.mk може да се’ следи излезноста на граѓаните во целата држава како и во секоја поединечна општина и избирачко место.

За потсетување Македонија на претседателските избори 2024 година има вкупно 7 мина пријавени кои се борат да седнат на позицијата претседател, а тие кандидати се:

Стево Пендаровски од редовите на СДСМ, Гордана Сиљановска-Давкова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стевчо Јакимовски од редовите на ГРОМ, Бујар Османи од редовите на ДУИ-Европски фронт, Биљана Ванковска-Цветковска од редовите на ЛЕВИЦА, Арбен Таравари од редовите на АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ-Вреди и Максим Димитриевски од редовите на движењето ЗНАМ-За наша Македонија.


#Македонија 

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови