На 4 Мај во центарот на Прилеп ќе се одржи хуманитарен настан за Марко Мицески

На 4.5.2024 година (сабота)  на камена бина во Прилеп ќе се одржи хуманитарен настан, а финснсиските средства од овој настан ќе бидат донирани за лекувањето на Марко Мицески...

ДРИМ ТИМ ОД ДЕЦА ЗА ДЕЦА традиционално како и изминативе неколку години така и годинава организира хуманитарен велигденски настан. Настанот ќе се одржи на 4.5.2024 година и ќе биде пред камената бина во центарот на Прилеп.

Имено, финансиските средтва кои ќе се’ соберат од овој настан ќе бидат донирани за лекувањето на две годишниот Марко Мицески од Прилеп, а тоа е дете кое е носител на еден од најретките синдроми во светот. Сидром познат како Ангелман. На Марко четири пати му се’ извршени хируршки интервенции врз левиот бубрег како последица на хидронефроза и стеноза.

Настанот кој го организира ДРИМ ТИМ ОД ДЕЦА ЗА ДЕЦА  е со почеток од 11 часот, а ќе трае се до 14 часот. Настанот ќе биде проследен и со културно-уметничка програма за која ќе се погрижат фолкерката Сузана Гавазова, Lockdown, Vertigo Band, Dream Team Maxi како и КУД„Преродба“.

„Дрим Тим Од Деца За Деца како и секоја година така и оваа организира хуманитарен велигденски настан на 4.5.2024 година од 11:00ч до 14:00ч на камената бина во Прилеп. Ќе не забавуваат Сузана Гавазова, Lockdown, Vertigo band, Dream team Maxi и КУД Преродба. Овој хуманитарен настан го посветуваме на малиот Марко од Прилеп којшто боледува од Ангелман синдром - еден од најретките во светот. Дојдете, забавувајте се и донирајте за Марко, за повторно да покажеме дека Прилеп е град на хуманоста.
Ве очекуваме!
#ЈасСумХуманБидиИТи !“-велат од ДРИМ ТИМ ОД ДЕЦА ЗА ДЕЦА.

Христијан Ангелески

#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп