Гласањето во Опаје прикинато со часови поради технички проблем
Гласањето на претседателските избори 2024 година во Опаје прикинато со часови поради технички проблем со биометрискиот уред...
Ахмет Арифи, претседател на избирачкото место со број 1105 во селото Опаје, за националната телевизија Алсат изјави дека на избирачкото место имало неколку часовен прекин поради технички проблеми на биометрискиот апарат.
Имено, како што кажа Арифи за Алсат тие веќе чекаат да биде испратен нов биометриски апарат од Скопје.
Инаку, Аднан Ќаили кој е новинар на телевиизја Алсат објави дека гласањето е со часови прекинато.
Во Прилеп од страна на новинарска екипа на едно локално избирачко место беше забележан мал технички проблем на еден биометриски апарат, но до овој момент гласањето во тоа избирачко место се одвива непречено и без никакви поголеми технички и други проблеми.
#Македонија
Коментари
Постави коментар