Ученици од СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп освоија прво место на UPSHIFT Bootcamp во хотел „Дрим“ во Струга

Ученици и нивниот ментор професор од СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп го освоија првото место на UPSHIFT Bootcamp што се одржа од 25 до 27.4.2024 година во просториите на хотелот „Дрим“ со Струга...
Учениците Михаил, Борис, Дино, Јована и Миа и нивниот ментор професор Ангела Кочоска од СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп од 25 до 27 април годинава учествуваа на UPSHIFT Bootcamp што се одржа во просториите на хотел „Дрим“-Струга. Темата на овој настан беше „Социјални иновации за намалување на загадувањето на воздухот  предизвикано од сообраќајот“.
Учениците заедно со нивниот ментор професор Ангела Кочоска

Имено, тимот од ученици и менторот професор од СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп се закитија со освоено прво место на настанот, а првото место е во вид на награда ваучер во вредност од 120.000 денари.
Новинарскиот колектив на овој портал на учениците и менторот им ја честитаме награда и им посакуваме уште повеќе среќа како и успеси на слични вакви настани или натпревари.

Христијан Ангелески

#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп