147 сообраќајни санкции, 19 за возење без возачка дозвола
147 сообраќајни санкции, а од нив 19 санкции се’ за возење без возачка дозвола...
Во текот на вчерашниот ден од СВР Скопје продолжија со сообраќајните контроли.
Од СВР Скопје известуваат дека на територијата на Град Скопје изречени се 147 сообраќајни санкции, а од нив 19 санкции биле за возење без возачка дозвола, 5 санкции се за прекршочни мерки кои ги прават мотоциклистите, 10 сакнции за користење на мобилен телефон за време на возење, 6 сакции се за некористење на зашитетн појас и 5 сакнции се за непрописно престројување при возење.
Од СВР Скопје велат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниве денови.
„Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниве денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, се’ со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за што посигурни патишта“-велат од МВР-СВР Скопје.
#Македонија
Коментари
Постави коментар