Победник во „Ѕвездите на Гранд“ за сезона 2023/24 е Шеља Зониќ од Босна и Херцеговина

Овогодинашен победник во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ е Шеља Зониќ од Босна и Херцеговина...

Шеља Зониќ, победник во „Ѕвездите на Гранд“ за сезона 2023/24

Синоќа во големото студио на Кошутњак во Република Србија се одржа големото финале на едно од најгледаните музички шоу програми на балканот „Ѕвездите на Гранд“ за сезона 2023/24 година.

Во големото финале се натпреваруваа 20 кандидати од сите менторски тимови, а победник или финалист во ова шоу за сезонава беше Шеља Зониќ од Босна и Херцеговина, а таа беше во тимот на Светлана Цеца Ражњатовиќ.

Имено, на овогодинашниот победник Зониќ и беше доделен автомобил статуа и песна, а исто така од Гранд Продукција изјавија дека на Зониќ ќе и ги финансираат најбитните работи како што се’ телевизиски и радио гостувања. На Шеља Зониќ исто така од страна на Гранд Продукција ќе и биде доделен менаџерски тим кои ќе се грижи за нејзините гостувања и настапи по клубови и дискотеки.

Инаку, Македонија во синоќешното финале во „Ѕвездите на Гранд’’ имаше три претсавници и тоа Мики Секуловски, Андријана Петрушевска и Мелиса Зијадиќ, а на Андријана Петрушевски ова и беше втор пат да стигне до финалето во еден од најгледаните  балкански музички шоу програми „Ѕвездите на Гранд“. Синоќешното финале се емитуваше во живо на националната македонска Сител телевизија.

Екипата на Инфо Прилеп на овогодинашниот финслист односно победник во „Ѕвездите на Гранд’ Шеља Зониќ и посакуваме многу среќа и успеси во музичката кариера.


#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови