Со изложбата „Горан Стефановски и книгите“ беше отворено 58 издание на МТФ„Чернодрински“ во Прилеп
Со изложбата „Горан Стефановски и книгите“ беше отворено 58 издание на МТФ„Чернодрински“ кој годинава е под слоганот „Промени се, промени с`e’’...
Синоќа во Градската Библиотека „Борка Талески“ во Прилеп беше отворена изложбата „Горан Стефнаовски и книгите“, а со оваа изложба беше отворено и овогодинашното 58 издание на Македонскиот Театарски Фестивал „Војдан Чернодрински“.
На овогодинашното 58 издание на МТФ„Чернодрински“ автор во фокус е Горан Стефановски, а тоа е програма посветена на значаен автор од областа на драмската и театарската уметност.
На изложбата присутна беше и Ана Стојаноска која што е уметнички директор на фестивалот и која пред присутните рече дека нема поубаво место да се отвори фестивал кои е посветен на авторот во фокус Горан Стефановски и се заблагодари на прилепската градска библиотека затоа што го прифатиле предизвикот и врежиле повеќе институции на овој фестивал.
„Нема поубаво место да се отвори фестивал кој е посветен на авторот во фокус Горан Стефановски, затоа што неговите книги се чуваат токму тука во градската библиотека во Прилеп и таа идеја е да оставиме да остане засекогаш тука. Од минатата година се обидов да ја почнам таа програма автор во фокус што секој сериозен фестивал ја има, се разбира започнавме со Коле Чашуле кој што е основоположник на македонската современа драма и одличен продолжеток на неговото дело,а тоа е Горан Стефановски. Сите вие сигурно сте прочитале негови книги или некоја негова драма и сигурно сте сретнале реплики од кои крвта се’ замрзнува и се растреперува човекот. Горан Стефановски го иницираше и моето мото на годинашниот фестивал „Промени се, промени с`е“ затоа што благодарение на неговата иницијатива да не остануваме само во себеси и во она што го знаеме, туку да излегуваме и да успеваме во она што го сакаме во животот. Благодарам на градската библиотека „Борка Талески“ од Прилеп, затоа што го прифатија тој мој предизвик да ги врежиме повеќе институции и да направиме една мрежа на пријателство и да го поттикнеме Прилеп да живее овие неколку денови и се надевам дека таа традиција ќе продолжи.’’-рече пред присутните на изложбата уметничкиот директор на фетиваот, Ана Стојаноска.
Имено, изложбата се состоеше од повеќе фотографии како и изложени книги на Горан Стефановски, а на изложбата присутен беше и градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески. Од градската библиотека во Прилеп на уметничкиот директор на фестивалот Ана Стојаноска и доделија стаклена плакета.
Овогодинашниот фестивал беше отворен со претставата „Хеда Габлер“ во изведба на Драмски Театар од Скопје, а на 14 јуни овој фестивал ќе биде свечено затворен со доделување на наградите за најдобра претстава и со концерт на Добрила и Дориан Дуо.
Присутните на изложбата „Горан Стефановски и книгите“
Инаку, додека трае овој фестивал во Прилеп покрај 14 претстави кои ќе се одигруваат исто така ќе се одржуваат многу активности кои се во склоп на фестивалот, а тоа се многу разговори на тркалезни маси, промоции на театарска и тетролошка литература, дружење со скомрахии како и прес-конференција.
#Прилеп
Коментари
Постави коментар