Изложба „Боите на мотивот“ утре во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Утре во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп ќе се’ одржи изложба под наслов „Боите на мотивот“...

Утре со почеток во 12:30 часот во просториите на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп ќе биде отворена изложбата „Боите на мотивот“

На оваа изложба ќе се претстават повеќе ученици кои изработуваа уметнички слики во текот на учебната 2023/24 година, а поголем дел од сликите се изработени со техниката акрил на платно.

Инаку, оваа изложба насловена како „Боите на мотивот“ е ораганизирана од страна на професор Марта Макеска-Кузмановиќ која што е професор по ликовна уметност, естетика и шминкање во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп, а воедно е и долгогодишен уметник и член на друштвото на ликовни уметници ДЛУП.

#Прилеп

Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Новогодишен базар во Прилеп од 24 до 31 декември

Ново во Прилеп: Fast Food Bla Bla – вкус кој ќе се памети!