Утре без струја повеќе делови од Прилеп, Долнени и Пласница

Од ЦУК известуваат дека утре без електрична енергија ќе бидат повеќе делови од  Општините Прилеп, Долнени и Пласница...

Екипи на електродистрибуција во текот на утрешниот ден ќе работат на реконструкција и модернизирање на дистрибутивната мрежа, а без напојување со електрична енергија од 11 до 13 часот ќе останат прилепската викенд населба Маркова Чешма, од 12 до 15 часот без напојување со елетрична енергија ќе остане населбата под село Плетвар (долна чешма). Без непојување со елетрична енергија во перидот од 9 до 15 часот без напојување ќе останат селата Дреновци, Сенокос, Небрегово, Слепче, Броилово, Десово кои спаѓаат под Општина Долнени, а во истиот период без напојување со електрична енергија ќе останат телефонските предаватели и репетитори од А1, манастирот Трескавец, и селата Мраморани и Забрчани. 

Инаку, во текот на утрешниот ден без напојување со електрична енергија во периодот од 10 до 13 часот ќе останат селата Саждево и Јакреново во Крушево, Општина Пласница.


#Сервисни информации


Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови