Изложба „Траги во просторот“ утре во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Изложбата „Траги во просторот“ ќе биде отворена утре во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

Утре со почеток од 19:30 часот во ликовниот салон при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе биде отворена изложбата „Траги во просторот“од Раде Ивановски.

Уметникот Раде Ивановски е роден во Прилеп. Ивановски е магистер по економски науки, а главната проекција  му е програмитрањето на база на податоци.

Имено, Ивановски во 2001 година го изработил првото мултимедијално CD за интерпретација на ЕКГ во соработка со доктор Стеван Ѓорѓиоски, а исто така Иваносвки изработува CD верзија на пречистени закони на Република Македонија. Во 2005 година Ивановски го изработува и првиот регистер на лекови во Република Македонија Креативноста и уметничкото вдахнување се’ случува во 2022 година со учевство во работилницата која е организирана од страна на Музејот на град Прилеп, за да во 2023 година целосно да се пронајде во уметноста.

Инаку, иако бил аматер и неискусен, неговите дела покажуваат исклучително чувство и сензибилност за боите како и за нијансите. За Раде Ивановски шахот претставува негова втора преокупација.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Од „Пушти коси“ до „ И тебе сам сит кафано“ синоќа на Пиво фестивалот во Прилеп

Прилеп со 8 милиони евра ќе инвеститра нови развојни програми