Во НУЦК„Марко Цепенков“ отоврена е изложбата „Траги во просторот“ од Раде Иваноски

Во изложбениот дел од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп е отворена изложбата „Траги во просторот“ од прилепскиот уметник Раде Иваноски...

Во ликовниот салон при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп синоќа беше свечено отворена самостојната изложба на прилепскиот уметник Раде Иваноски, изложбата е со наслов „Траги во просторот“, а на истата беа изложени 34 дела кои се’ изработени во техниката акрил на платно.

Раде Иваноски, уметник

Првата самостојна изложба на Иваноски „Траги во просторот“ ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност која што рече дека длабоката посветеност и стремежот за развој на сопствената кративност и раскошна имагинација со посредството на ликовниот јазик го повикале ликовниот аматер уметник Раде Иваноски.

„Длабоката посветеност и стремежот за развој на сопствената креативност и раскошна имагинација со посредство на ликовниот јазик го повикале ликовниот аматер уметник Раде Иваноски, храбро и во континуитет да слика и да твори лирични уметнички дела. Самостојната изложба  насловена „Траги во просторот“  на уметникот Раде Иваноски за прв пат ја претсавува пред своите сограѓани во неговиот роден град Прилеп. Во својот прв циклус уметникот инкорпорира колоритни композиции во кои што преовладува мотив за стари архитектонски урнатини. Архитектонскиот елемент кој што доминира во неговите реалистични композиции претсавува портата“-рече на синоќешното отворање на изложбата од Иваноски „Траги во просторот’’ историчарот на уметност, Викторија Димеска.

Викторија Димеска, историчар на уметност

Имено, на новинарско прашање од каде идејата за цртање на порти Иваноски рече дека идејата ја добил од неговиот чичко Ангеле Иваноски и од еден архитект од Мароко кои решил да ја посети својата земја и да ги наслика сите останати објекти и рушевини за да ги претсави во една изложба.

На изложбата имаше доста голем број на љубители на уметноста кои со внимание го следеа свеченото отворање на првата самостојна изложба на Иваноски „Траги во просторот“.

Присутните гости, љубители на уметноста

Инаку, да потсетиме дека Иваноски е роден во Прилеп, магистер е по економски науки, главна преокупација му е програмирањето на база на податоци. Во 2001 година го изработува првото мултимедијално CD за итерпретација на ЕКГ во соработка со доктор Стеван Ѓорѓиоски, а во 2005 година Иваноски го изработува и првиот регистер на лекови на Македонија. Креативноста и уметничкото вдахнување на Иваноски се случува во 2022 година во разботилница организирана од Музејот на град Прилеп, а во 2023 година Иваноски се пронајде во светот на уметноста. Иако Раде Иваноски е аматер и неискусен, неговите дела покажуваат исклучително чувство и сензибилност за боите и нијансите, а втората преокупација на Иваноски е играта шах.


#Култура


Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови