Цената на дизелот поевтинува, а на бензините останува иста

Цената на дизел горивата на полноќ поевтинува, а додека пак цената на бензините останува иста...

Од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) известуваат дека малопродажната цена на дизел горивата поевтинува за 1,5 денари за литар, а на бензините останува иста.

Од РКЕ велат дека со оваа одлука се’ врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,17%.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (D-EV) изнесува 71,5 денари за литар, цената на екстра лесното масло за домаќинство изнесува 70,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава по иста цена од 80 денари за литар, а додека пак цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 82 денари за литар.

Со новата одлука на РКЕ за 0,734 денари за килограм се’ намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 МС и истиот ќе се продава по цена од 42,475 денари за килограм.


#Економија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп