Селма Чавкиќ, Сашо Башески и Ружица Чавиќ-Томичевиќ се новите победници во музичкото шоу „Никогаш не е доцна“

Селма Чавкиќ е победничка од фејзбук гласовите, Сашо Башески е победник од смс гласовите, а Ружица Чавкиќ-Томичевиќ е победничка од гласовите од стручното жири...

Во големото студио на Кошутнаќ во Белград, Република Србија синоќа се одржа големто финале од деветтата сезона на едно од најгледаните музички шоу балкански програми „Никогаш не е доцна’’

Во финалето дванаесет финалисти се’ бореа да ја добијат наградата т.е титулата победник за сезона 2023/2024 година.

Селма Чавкиќ е  финалист од Босна и Херцеговина . Чавкиќ е првата победничка од фејзбук гласовите во ова балканско музичко шоу. Чавкиќ има 43 години родена е во Бихаќ, Босна и Херцеговина. На 16 години го запознала својот сегашен сопруг кој е клавјатурист, во брак се 27 година, а плод на нивната љубов се двете деца односно нивниот син кој има 26 години и нивната ќерка која има 15 години. Чавкиќ пред неколку години се такмичеше и во првото најгледано музичко шоу  на балканот „Ѕвездите на Гранд“.

Селма Чавкиќ, победник од фејзбук гласовите

Сашо Башески е  финалист од Република Северна Македонија. Башески е победник од смс гласовите и освои 6.087 гласови. Наградата во вид на златен микрофон му ја врачи една од најпознатите балкански забавни и поп пејачки Калиопи Букле која порача дека Прилеп ќе биде горд како и сите македонци, а потоа му рече дека цела Македонија го гушка Башески преку неа. Башески има 54 години роден е во Прилеп и уште од мали нози тој велел дека  еден ден ќе стане пејач.

Сашо Башески, победник од смс гласовите

Имено, неизвесноста во студиото на Кошутњак владееше се до моментот кога Саша Милошевиќ-Маре ги соопшти бодовите и кажа дека Ружица Чавиќ-Томичевиќ е третиот финалист од бодовоите и гласовите кој ги даваше стручното жири. Чавкиќ-Томичевиќ е родена во Манјачи. Своето детство го поминала во Нови Сад, а повеќе години живее во Чачак,  Република Србија. Томичевиќ својата кариера ја започнала во музичката група „Немогуче вруче“  од каде што нејзината кариера и нејзиниот музички пат тргна кон влезната капија. Ружица учевствувала на бројни фестивали и добивала разни награди, а еден од најдобрите и за неа најдарги дуети е дует песната со Жељко Самарџиќ  „Никад не реци ускоро’’

Ружица Чавиќ-Томичевиќ, победник од гласовите од стручното жири

Екипата на Инфо-Прилеп на Селма, Сашо и Ружица им ја честита победата и им посакува успеси!


#Шоубиз




Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови