Учебната година за средношколците заврши денеска, основците летен распуст ќе користат од идниот понеделник

Од денеска учениците во срединте училиште се’ на летен распуст кои трае до 2.9.2024 година, а учениците од основните училишта летен распуст ќе користат од идниот понеделник...

Денеска заврши учебната година за учениците од средно образование, а учениците од основно образование овој распуст ќе го користат од идниот понеделник. Учениците од основно и средно образование годинава користеа и пролетен распуст во времетраење од една недела. Годинава повторно има проблем со свидителствата, за кои што тендерот е тежок околу 120.000 евра, иако беше објавен во месец март годинава, свидетелствата до основните и средните училишта се доставија неколку дена пред крајот на учебната 2023/2024 година.

Од Министерството за обрзование и наука (МОН) велат дека на први септември учебници ќе има, а од бирото за развој на образованието потврдија дека доставата на свидителствата до основните и  средните училшта ќе се одвива од 7 до 13 јуни, а за учениците кои завршуваат основно и средно образование, свидителствата биле доставени во втората половина од месец мај годинава заедно со целосната документација.

Новата учебна година започнува на 2 септември 2024 година.


#Образование

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп