Временска прогноза и временска најава
Според податоците од Управата за ХидроМетеоролошки Работи на Македонија врмето ќе биде...
Според податоците на УХМР времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умренеа локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневниот температурен максимум ќе биде во интервал од најниски 13 до највисоки 33 степени целзиусови.
Според податоците од УХМР времето утре ќе биде сончево и многу топло со умрена облачност. Ќе дува слаб до умрен, а наместа повремно засилен ветер од јужен и југозападен правец. Во текот на попладневните часови ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневниот температурен маскимум ќе биде во интервалот од најниски 14 до највисоки 36 степени целзиусови.
Прогнноза за 11.6.2024 година (вторник)
Според податоците од УХМР времето на 11.6.2024 година ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. Дневниот температурен максимум ќе биде во интервалот од најниски 13 до највисоки 39 степени целзиусови, а УВ индескот ќе има вредност 8.
Прогноза за 12.6.2024 година (среда)
Според податоците од УХМР времето на 12.6.2024 година ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Дневниот температурен максиумум ќе се движи во интервалот од најниски 14 до највисоки 40 степени целзиусови, а УВ индексот ќе има вредност 8.
Прогноза за 13.6.2024 година (четврток)
Според податоците од УХМР времто на 13.6.2024 година ќе биде сончево и многу топло со мала умерена облачност. Во текот на попладневните часови ќе има појава на краткотраен дожд проследен со ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Дневниот температурен максиумум ќе се движи во интервалот од најниски 13 до највисоки 39 степени целзиусови, а УВ индексот ќе има вредност 8.
Поради високата вредност на УВ индексот здравствените власти велат луѓето кои имаат хронични болести како и бремените жени, а се’ разбира и сите останати луѓе да не излегувааат и да не престојуваат на отворен простор во периодот од 11 часот претпладне до 18 часот попладне, а доколку тоа е неопходно престојот во надворешна средина да биде краткотраен. Здравстевните власти исто така велат луѓето во текот на овие високи температури да внесуваат повеќе течности во организмот и да јадат повеќе овошје и зеленчук како и да јадат повеќе лесна храна.
Времеска најава
До среда ќе се’ задржи сончево и многу топло време со мала локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде околу 30, а наместа ќе го достигнува и 40 степен целзиусов. Во поладневните часови ќе има појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено утре 10.6.2024 година.
Изор на информации: УХМР
#Сервисни информации
Коментари
Постави коментар