Koj ќе биде новиот победник во „Ѕвездите на Гранд“? Вечерва е големото финале
Вечерва во 21:15 часот е големото финале во „Ѕвездите на Гранд“ за сезона 2023/2024 година, а тука се’ поставува прашањето кој ќе биде новиот победник во „Ѕвездите на Грнад“?...
Големото финале за еден од најгледаните телевизиски музички шоу програми „Ѕвездите на Гранд“ започнува вечерва во 21:15 часот во големото студио на Кошутњак во Белград, Република Србија . Годинава 20 финалисти ќе се борат за титулата Финалист.
Имено, оваа година наградниот фонд е богат, а победникот во „Ѕвездите на Гранд’’ за сезона 2023//2024 година ќе добие статуа, песна и автомобил, а исто така ќе добие и целосен маркетинг. Од Гранд Продукција велат дека на овогодинашниот финалист ќе му ги финансираат најбитните работи како што се’ телевизиските и радио гостувања, а исто така на финалистот ќе му дадат и целосен и најдобар менаџерски тим кои ќе се грижи за настапите и гостувањата во клубовите и дискотеките ширум балканот.
Инаку, финалистите се спремни и ќе дадат се од себе на вечерашната финална вечер, а Македонија има три финалисти и тоа Мики Секуловски, Анријана Петрушевска и Мелиса Зијадиќ. Редниот број на кадидаите е следен.
1.Мики Секуловски, 2.Николина Перковиќ, 3.Инел Нукиќ, 4.Јулија Петровиќ, 5.Јанко Јанков, 6.Александра Иванов, 7.Мирза Пандур, 8.Шеља Зониќ, 9.Дино Сујиќ. 10.Антонија Черкез, 11.Сидик Шабановиќ, 12.Џула Дрини, 13.Стефан Томиќ, 14.Јелена Проле, 15.Дејан Дачевиќ, 16.Мелиса Зијадиќ, 17.Ријад Рахмановиќ, 18.Бета Судар, 19.Петар Крекиќ и под реден број 20 е Андријана Петрушовска.
Да потсетиме дека за сезона 2022/2023 година во „Ѕвездите на Гранд“ финалист и победник во ова шоу беше Славица Ангелова од Струмица, Македонија.
#Естрада
Коментари
Постави коментар