Во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп се одржа модна ревија-Trash Fahion
Модна ревија или попозната како Trash Fashion втора година по ред се одржа во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп...
Денеска во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп по втор пат се’ одржа
традиционалната модна ревија или уште т.н Trash Fashion. Креациите беа
изработени од стара драперска облека. Модната ревија беше под мотото секогаш да
има љубов и среќа, а да нема војни. Мотото на овој настан беше инспирација од
актуелните воени ситуации во Украина и во појасот Газа во Израел, а на истата
се претставија 14 тимови по креации од училиштето.
На новинарско прашање од страна на наши колеги новинари
колку време се подготвуваше односно колку време се работеше овој настан една од
учесничките ученички рече дека целокупната организација и изработката на
креациите траеле околу еден месец.
Наташа Мирческа професор во училиштето и еден од
организаторите на овој настан изјави дека модната ревија е изработена од стара
драперска облека и дека е организирана по повод денот на животната средина 5
јуни.
„Овој настан е
втора година по ред што го организираме во нашето училиште под името треш фешн,
односно денот на животната средина 5 јуни. Учениците тимски собираа материјали
кои се’ реупотребливи, а од нив иразботуваа најразлична облека и модни додатоци од разни видови на стара драперска облека. Темата од која што учениците
добиваа идеи за креации се стариот народ Хипи односно учениците својата идеа ја
добиваа од Хипи стилот, кои се карактеризира со носење на широка облека.
Закличокот кој што ни го дава овој настан е да нема војни и секогаш да има мир
и слога во целиот свет.“-изјави Наташа Мирческа, професор во текстилно кожарската
стука во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп и еден од организаторите на овој настан.
На настанот присутен беше и директорот на училиштето
Жанета Видевска, а настанот беше поддржан од:
-Конфекција „Тритекс“
-Мега маркет „Стибера“
-Ла Страда
-Слаткарница „Дизниленд Трејд“
-Пицерија „Леоне“
-Дуки Дасо
-Кафе бар „Street“
Имено, на настанот беа доделени три глави и седум дополнителни
награди, а наградите беа доделени од страна на жири комисијата која беше во
состав на професорите Марта Макеска-Кузмановиќ, Наташа Мирческа и Здравка
Најдоска.
Наградите беа доделени по следниов редослед:
Првата награда и припадна на Јана Чергоска, втоарата
награда и припадна на Доротеа Илиеска, третата награда и припадна на Јана
Пирганоска, а дополнителни награди добија Марија Јовеска, Фиона Зајкоска,
Тамара и Евгенија, Теодора Јошеска, Христина, Адреа и Анастасија, сите ученици
во училиштето и учесници на модната ревија. Наградите на учениците учесници на
ревијата им ги додели директорот на училиштето Жанета Видевска.
Водител на настанот беше познатиот водител од Прилеп,
Христијан Ангелески.
Коментари
Постави коментар