МВР: На 1 и 2 август делницата Прилеп-Крушево да не се користи за сообраќај

Од МВР ги известуваат граѓаните дека на 1 и 2 август не треба да ја користат делницата Прилеп-Крушево...

Од Министерството за Внатрешни Работи (МВР) ги известуваат граѓаните кои сакаат да присуствуваат на одбележувањето на празникот 2 август Денот на Републиката или Илинден кој што е неработен ден да не ја користат делницата Прилеп-Крушево на 1 и 2 август поради санација на регионалниот пат Р1306 делница Прилеп-Крушево при што овој патен правец е затворен за секаков вид сообраќај од селото Големо Коњари до селото Кривогаштани.

Од МВР апелираат до граѓаните кои сакаат да се упатат кон Крушево на 1 и 2 август годинава за сообраќај да го користат регионалниот пат Р1305 до Демир Хисар кон Крушево и Кичево по регионалниот пат Р1305 до клучката кај селото Сладуево во Демир Хисар и по регионалниот пат Р1306 до Крушево.


#Сервисни информации

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп