Изложба „Културните институции во Скопје по земјотресот во 1963 година“ во Музејот на Град Скопје

Во Музејот на Град Скопје е поставена изложбата „Културните институцуии во Скопје по земјотресот во 1963 година’’...

Во Музејот на Град Скопје веќе е поставена изложбата „Културните институции во Скопје по зејотресот во 1963 година“, а истата ќе биде свечено отворена утре на 25.7.2024 година со почеток од 20:30 часот.

Изложбата е поставена по повод одбележувањето на 61 годишнина од  разорниот земјотрес во Скопје што се случи на 26 јули во 1963 година во раните утрински часови. Организатор на оваа изложба е Музејот на Град Скопје, а додека пак автор на изложбата е Зоја Богдановска која што е кустос, советник и историчар во Музејот на Град Скопје.

Изложбата „Културните институции во Скопје по земјотресот во 1963 година’’ која што веќе е поставена, а нејзиното свечено отворање е утре има за цел да ја покаже состојабата на културните институции по земјотресот.

Имено, поголем дел од музеите во Скопје претпреле штета, а додека пак народната и универзитетската библиотека, народниот театар и многу други културни институции толку многу биле уништени што во нив немало ниту елементарни услови за работа. Во земјотресот од 1963 година биле разурнати многу згради на изадавачките претпретијатија, а скопската тврдина Кале и многу други културни споменици низ целиот град биле целосно разурнати.

#Култура


Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп