Скопје се сеќава на силниот земјотрес од 1963 година

Скопје и неговите постари жители се сеќаваат на разорниот земјотрес од 1963 година...

На 26 јули 1963 година во 05:17 часот Скопје беше погоден од силен земјотрес со јачина од 6 степени според рихтеровата макросеизмичка скала, а тоа утро во тие 20 секунди додека траеше разорниот земјотресот уништени беа повеќе 15.8000 станови, а додека пак оштетени беа повеќе од 28.000 станови. Тоа кобно утро од 1963 година за Скопје без покрив над глава остави над  200.000 луѓе, повеќе од 4.000 граѓани беа повредни, а додека пак околу 1.070 граѓани го загубија животот. 

Имено, штетата од овој разорен скопски земјотрес од пред 61 година беше проценета на околи 15% од целокуното БДП на тогашна Југославија, што во денешни вредносни валути изнесува помеѓу 3 и 5 милијарди долари што всушност е многу повеќе од целокупниот годишен буцет на Република Македонија.

Тоа кобно утро во 05:17 часот првото и најстаро македонско радио Радио Скопје го прекина емитувањето на програма при што веста за разорниот земјотрес во 07:00часот речиси два часа по земјотресот ја објави Радио Приштина. Радио Скопје само 4 часа по земјотресот односно во 09:00 часот ја продложи својата програма со помош на подвижен автомобил на Радио Телевизија Белград.

Само неколку дена по земјотресот во Скопје пристигнала помош од целиот свет, а едниствен часовник кој ги потесќа скопјани на разорниот земјотрес од тоа утро е часовникот на старата скопска железничка која што денес е Музеј на град Скопје кој што е застанат на 05:17 часот точно во времето кога тоа кобно утро за скопјани се случил земјотресот, а денес истиот часовник е заштитен и спаѓа во светското наследство на УНЕСКО.


#Македонија


Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп