Во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп отворена е изложбата „Интервали“ од Татјана Виона Јоноска

Изложбата „Интервали“ од Татјана Виона Јоноска е отворена во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

Изложбата под наслов „Интервали“ од уметничката Татјана Виона Јоноска синиќа беше  отворена во ликовната галерија при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп.

Татјана Виона Јоноска, уметник

На изложбата присутен беше градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески кои по завршувањето на изложбата на уметничката Јоноска и подари букет цвеќиња.

„Преку динамичен спој на дела од хартија, слики, инсталација и видео, оваа мултидисциплинарна изложба се стреми да понуди подлабоко размислување за интервалите како спојници на просторот и времето. Со поетски став Интервали отвора прашања за разоткривањето на скриените врски, ритми, транзиторни моменти и простори што ја обликуваат нашата перцепција“-изјави уметничката Татјана Виона Јоноска.

На новинарско прашање „Колку време Татјана ги изработувала делата кои беа изложени во лиовниот салон од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп?“ Таа рече дека поголем врменски период ја подготвувала нејзината самостојна изложба.

Имено, Татјана Виона Јоноска е родена во Прилеп. Таа сега е уметник кој живее и твори во Лондон, Велика Британија.  Јоноска магистрирала на престижниот Кралски колеџ за уметност, во одделот за современа уметничка пракса-критичка практика. Јоноска пред тоа студирала на подеднакво престижниот колеџ за уметности на Универзитетот за уметности во Лондон, каде што ја завршила својата диплома за ликовна уметност со почести од прва класа. Татјана Виона Јоноска има мултидисциплинарна практика водена од екстензивно теоретско истражување и екпериментирање, што формално се занимава со перцепција на истражување за тоа како се среќаваме со просторот и како ја доживуваме темпоралноста.  Јоноска има учевствувано на повеќе изложби во Обединетото Кралство и низ целиот свет.

Инаку, ова и е втора самостојна изложба во Прилеп, нејзината прва изложба во Прилеп беше под наслов „Еден облак подалеку“

Изложбата „Интервали“ од Татјана Виона Јоноска може да се погледне до 19.7.2024 година до 12:30 часот во ликовната галерија при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

Времениот режим на сообраќај на патот кој ќе се гради од Прилеп до Битола договорен