Општина Прилеп воведе нов телефонски број на кој што граѓаните ќе можат да пријавуваат дефекти и проблеми
Проблеми и дефекти ќе можат да се пријавуваат и на веб страната на Општина Прилеп „ПРИЈАВИ ПРОБЛЕМ“...
За ефикасно и брзо делување Општина Прилеп од денес 11.7.2024 година воведе нов телефонски број на кој што граѓаните ќе можат да прјавуваат било каков проблем или дефект со кои што се соочуваат на целата територијата на Оптина Прилеп.
Имено, во функција останува и алатката ПРИЈАВИ ПРОБЛЕМ на веб страната на Општина Прилеп на следниов линк https://www.prilep.gov.mk/prijaviproblem/?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTAAAR2NPAUhc9eF6b1A-7cbbRu0bS25QwWkHmgrIkc7lgQUJS4sVnYZAk9h9SE_aem_l5r5ffJHkpY4F09Sw0F_kw
Инаку, досега функционираше пријавувањето на дефекти во приемното одделение како и на посебни телефонски броеви за секој проблем или дефект. Новиот телефонски број за пријавување проблеми и дефекти на територијата на Општина Прилеп е 075/385-705 и истиот е во функција секој работен ден од 9 до 15 часот.
#Лакално
Коментари
Постави коментар