При претрес во Тетово пронајдена е дрога, приведени се две лица

Пронајдена е дрога при претрес во Тетово, приведени се’ две лица...

Во текот на вчерашниот ден во 21:50 часот на улицата „Браќа Миладиновци’’ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода лицата со иницијали М.Л (23) и А.М (24), двајцата од Тетово бидејќи, кај нив при претрес од страна на полициски службеници од Тетово била пронајдена и одземена поголема количина на дрога-марихуана.

Имено, М.Л и А.М се задржани во полициската станица во Тетово и по извршен службен разговор со нив, против нив ќе следува соодветен поднесок во врска со извршено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства, психотролни супстанци и прекурзори“  кое што е казниво дело по член 215 од Кривичниот Законик, иформираат од МВР.


#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп