Незаборавна роденденска забава по повод сто години од постоењето на Прилепска Пиварница во центарот на Прилеп
Незаборвна роденденска забава со ДНК, Тропико Бенд и Марија Шерифовиќ по повод сто годишнината од постоењето на Прилепска Пиварница во центарот на Прилеп...
Прилепска пиварница оваа година прославува сто години од своето постоење. Започнала со работа во 1924 година и од тогаш па се’ до денес тимот на оваа компанија продолжува со континуирано инвестирање во нивниот производствен процес, а тимот на Прилепска Пиварница секој ден се повеќе и повеќе го подобрува квалитетот на своите производи. Прилепска Пиварница е најпрепознатлива по нивниот т.н заштитен пијалок пивото „Крали Марко“.
Со голема сцена налик на сцената од поранешниот прилепски фестивал „Пиво Фест“ со димензии 12 на 8 метри и со три лед екрани еден централен и два странични екрани поставени пред филијалата од Комерцијална Банка А.Д. Скопје во Прилеп во саботата на 13.7.2024 година со почеток од 21 часот се одржа долгонајавуваната роденденска прослава по повод 100 годишнината од основањето и работењето на Прилепска Пиварница.
Организаторите на овој настан приредија и спектакуларна забава со добро познатите македонската забавна група ДНК која со својот настап од 20 часот ја отвори роденденската забава. Забавата потоа продолжи со настап на српски Тропико Бенд, а секако неижбежен беше и спектакуларниот настап на балканската ѕвезда Марија Шерифовиќ. Кога е во прашање настапот на Марија Шерифовиќ како што се слушнаа неофицијални инфоормации низ прилепчани, пејачката на организаторите за својот настап на роденденската просслава по повод еден век од работењето на Прилепска Пиварница им искеширала помѓу 40 и 60.000 евра.
Инаку, на роденската прослава познатото „Крали Марко“ пиво на Прилепска Пиварница по сите ресторани и пицерии беше со промотивна цена од само 50 денари.
На роденденската прослава од Прилепска Пиварница во центарот на Прилеп имаше публика од целата држава, а од самата публика во однос на организацијата и целокупната музичка програма можеа да се’ слушнат само убави и пофални зборови.
Екипата на Инфо-Прилеп на прилепскиот гигант Прилепска Пиварница и го честитаме роденденот и и посакуваме уште долги години успешна работа. Честит јубилеј СТО ГОДИНИ ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА!
#Локално
Коментари
Постави коментар