Пајак ги израдува своите обожаватели и фанови со неговата нова песна насловена како „Љуби ме“

 Пишува: Христијан Ангелески

Христијан Настески-Пајак  на свите фанови и обожаватели им подари нова песна со наслов „Љуби ме’’...

Денес на каналот од музичката продукција Урбан рекорд беше промовирана новата песна на еден од најпознатите „тинејџерски“ пејачи Христијан Настески или попознат како Пајак. Премиерата на новата песна од Пајак „Љуби ме“ се случи во 14 часот по локално македонски време на каналот од Урбан рекорд.

Музика и тексот за новата песнна од Настески под наслов „Љуби ме“ се на самиот изведувач т.е се на Пајак. Арнжамот, миксот и мастерингот се’ на Иван Јованов-Ивајо, а додека пак видеото е во реализација на Стефа Биков, а целосната продукција за новата песна и видео спот на Пајак се на музичката продукција Урбан рекорд.

Инаку, да потсетиме дека Пајак пред две недели имаше свој настап на Могилата на Непобедените во Прилеп каде направи целосен т.н бум со своите добро познати хитови како што се „Бела“ дует песна која што премиерно беше изведена на „Мак Фест 2022’’, а наредната година на истиот фестивал оваа песна ја доби наградата за најслушана песна помеѓу двата фестивали на „Мак Фест’’ , потоа се редеа и многу други хитовски песни како што се „Хелбој“, „Хабиби“, „Летња авантура“ и други.

Екипата на Инфо-Прилеп се надева дека новата песна на Пајак „Љуби ме’’ ќе ви се допане и вас како што ни се допадна и нас во просториите на Инфо-Прилеп, а на Пајак му посакуваме многу поголеми музички успеси.



#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови