Концерт „Не бегај од опера“ се одржа во НУЦК„Марко Цепенков’’-Прилеп

Во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп се одржа концерт насловен како „Не бегај од опера“...

Во фоајето при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп синоќа со почеток од 20:30 часот се одржа концерт насловен како „Не бегај од опера“.

На концертот учество зедоа солистите Елеонора Џоџоска (сопран), Мартин Димитриевски (бас), Аида Пипојан (сопран) како и корепетиторот на овој концерт Галина Апостолова која со нејзиното свирење на пијано ги збогати звучните тонови од оперските солисти.

Имено, на овој концерт беа изведени арии и дуети на една од најпознатите опери од Волфганг Амадеус Моцарт, а тоа е операта „Свадбата на Фигаро’’ која што оперските солисти на синоќешниот концерт ја поделија и отепеаа во 15 делови односно арии и дуети.

Елеонора Џоџоска, Аида Пипојан, Мартин Димитриевски и Галина Апостолова

Инаку, љубителите на овој вид оперска музика максимално уживаа, а на солистите им подаруваа громогласен аплауз.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп