Мултимедијален триптих „Генеза од хроничната мистерија“ од Емил Солески ќе се одржи утре во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп
Утре во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи мултимедијален триптих „Генеза од хроничната мистерија’’ од Емил Солески...
Утре со почеток од 20 часот на сцена 105 (театарско студио) при НУЦК„Марко Цепенков’’-Прилеп ќе се одржи настанот мултимедијален триптих „Генеза на гроничната мистерија“ од Емил Солески.
Генеза на хроничната мистерија - Емил Солески
-мултимедијален триптих
-алегорија за губењето на идентитетот
Во време кога надминуваме одредени предрасуди и се бориме со стереотипи, разгорува распаднатото огниште, се занишува празната лулка, а паланзата, и без тег ќе измери нешто, потамина ако треба.
Ликовно-просторниот експеримент е фантастична дијагонала на „архаичниот“ и дигиталниот идентитет.
Концептот предвидува просторна видео интервенција и тарнсформација, барање нова визија на веќе виден простор.
Триптихот ќе се формира со проекција на видео-аудио материјал врз просторно поставени архајски форми:
Три архаични форми, ликовни метафори:
Распаднато огниште - ликовна метафора за празен дом, градови, села, земја;
Кантар, паланза без тег - ликовна метафора за строгото критичко оценување на немањето рамнотежа во природните, општествените, социјалните односи, принципи, тежнеења, закони;
Празна лулашка - ликовна метафора за негрижата и изгубеното наследство, природно, национално, културно-историско;
Да се гледа низ призмата на објективното, или да се направи ново, субјективно доживување.
Од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ве покануваат на овој настан.
#Култура
Коментари
Постави коментар