Камерен концерт се одржа во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп
Камерен концерт се одржа во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...
Во фоајето при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп синоќа се одржа камерен концерт на кој што свое учество зедоа Михаил Јагуриноскии и Михаил Димовски.
На овој камерен концерт Јагуриноски и Димовски на присутните преку убавите звуци на пијаното на својата публика присутна во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков’’ им ги пренесоа убавите камерни композиции на Едвард Гриег, Клод Дебеси, Волфганг Амадеус Моцарт и Ференц Лист.
Михаил Димовски е роден во 2003 година во Скопје. На својата 7 годишна возраст започнува со свирење на пијано во Државното музичко-балетско училиште „Илија Николовски-Луј“ во Скопје под менторство на професорот Јасна Аврамовска-Костенарова. Димовски во овој момент е студендт во втора година на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје под менторство на доцент мистер Дино Имери.
Димовски има настапувано и е добитник на неколку први награди на Државните натпревари по музика во Македонија, а исто така Димовски има настапувано и е добитник на награди на меѓународни музички натпревари во Србија, Бугарија, Англија и Франција. Првиот солистички концерт Димовски го има со камерниот оркестар „Орфеј“ во Перник.Во 2019 година Димовски има три концерти по објаувањето на музичката книга на Снежана Чадиковска. Димовски во 2020 година го има својот прв солистички концерт под покровителство на Министерството за култура во Македонија.
Михаил Јагуриноски е роден во 2004 година во Прилеп. Јагуриноски пијаното почнал да го изучува во ООМУ„Ордан Михајлоски-Оцка“ во Прилеп во класата на професор Игор Николоски,а подоцна и во класата на професор Денис Најдоски. Јагуриноски по завршувањето на основното музичко училиште се запишува во средното државно музичко училиште во Битола, како музичар-инструменталец каде што и продолжува да го изучува пијаното во класата на професор мистер Јана Четелева-Белевска. Јагуриноски почнувајќи од 2012 година заклучно со денес има освоено повеќе награди меѓу кои се „Даворин Јенко“ во Белград, Република Србија, „Стеван Мокрањец“ во Врање, Република Србија, Државен натпревар на малди музичари „Хармонија МБ“ во Скопје и многу други музички награди.
Имено, Јагуриноски има посетувано повеќе семинари кај професорите Рустан Рахмедов, Јана Четелева-Белевска, Ана Гацева, Дино Имери, Кристина Светиева, Марија Гошевска како и кај професор Александар Сердар. Јагуриноски исто така, има одржано три солистички рецитали на Прилепско културно лето во 2018 година во Прилеп, има одржано солистички пијано рецитал во 2022 година во Битола и Прилеп. Јагуриноски своите студии ги започнува во студенстаката 2023/24 година на вокално инструменталниот отсек, модул пијано во класата на професор мистер Дино Имери на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.
Екипата на Инфо-Прилеп која синоќа беше присутна на концертот на Михаил Јагуриноски и Михаил Димовси во НУЦК„Марко Цепенков’’-Прилеп им посакува многу успеси, награди и солистички концерти.
Христијан Ангелески
#Култура
Коментари
Постави коментар