Пожар на планинскиот венец Маркови Кули во Прилеп

Пожар на планинскиот венец Маркови Кули во Прилеп...

Фотографија од пожарот од улица „Кеј 19-ти Септември“

Густи облаци и чад беше непосакуваниот „гостин“ за прилепчани. Во текот на вчерашниот ден во доцните попладневни часови планинскиот венец Маркови Кули беше зафатен од голем пожар, а од пожарот можеше да се забележи густ чад како и непријатна миризба.

Според досегашните информации пожарот преминал од другата страна на овој планински венец и се распространил на две страни, а според информациите кој што ги пренесе Радио Скопје манастирите св. Архангел Михаил и Трескавец засега не се во опасност од пожарот.

На својот фејзбук профил за вчерашниот пожар на Маркови Кули се огласи и градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески кој упатува апел до граѓаните да не потпалуваат стрништа.

„Упатувам апел до сите граѓани да не се потпалуваат стрништа. Овие неконтролирани пожари претставуваат сериозна закана за нашите отворени простори, а уште полошо, можат да загрозат населени места, објекти и манастарски храмови!“-напиша градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

Имено, Јовчески во својата фејзбук објава додава дека противпожарните екипи се на терен и неуморно се борат со огнените стихии.

„Нашите противпожарни екипи се деноноќно на терен, посветено и неуморно се борат со огнената стихија. Прилепската територија е една од најголемите во Република Македонија и потребно е нашите екипи да бидат максимално ефикасни и безбедни во својата работа. Секоја помош и поддршка за нашата Територијална Противпожарна Единица е од огромно значење во овие моменти.’’-додава Јовчески во својата објава на социјалната мрежа фејзук.

Инаку, според неофицијални информациии засега нема пријавени жртви од пожарот на планинскиот венец Маркови Кули, а причината за пожарот е човечки фактор.

#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови