Денеска, утре и во недела во Прилеп ќе има времен режим на сообраќај
Денеска (петок), утре (сабота) и во недела во Прилеп ќе има времен режим на сообраќај поради прославата за 100 годишнината од постоењето на Прилепска Пиварница..
Во сабота со почеток од 20 часот во центарот на Прилеп односно пред филијалата на Комерцијална Банка А.Д Прилеп ќе се одржи централната прослава по повод 100 годишнината од постоењето на Прилепска Пиварница. Централната манифестација ќе биде збогатена со убава музичка забава за која што ќе се погрижат македоснаката група „ДНК“ српски „Тропико Бенд“ и мега популарната балканска музичка ѕвезда Марија Шерифовиќ.
Имено, од Прилепска Пиварница известуваат дека поради прославата во центарот на Прилеп ќе има сообраќаен времен режим со што ќе биде затворен дел од булеварот „Гоце Делчев’ во централното градско подрачје, а булеварот ќе биде затворен од крстоницата со улицата „Кузнам Јосифовски“ до крстоницата со улицата „Прилепски бранители“ во периодот од 12 часот напладне од 12.7.2024 година до 12 часот напладне на 14.7.2024 година. Од Прилепска Пиварница апелираат до учесниците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи .
#Локално
Коментари
Постави коментар