Утре без струја неколку улици во Општина Прилеп
Од ЦУК известуваат дека утре без електрична енергија ќе бидат повеќе улици во Општина Прилеп...
Од Регионалниот Центар за Управување со Кризи (РЦУК) известуваат дека екипи на електродистрибуција во текот на утрешниот ден (петок) ќе работат на реконструкција и модернизирање на дистрибутивната мрежа.
Имено во периодот од 08:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат улиците „Велешка“, „Ѓорги Абаџиев“ , „Дабнички Завој“ , „Васил Главинов’’ , „Кобаш“ , „Богомила“ , „Дојранска’’ како и улицата „Сремски Фронт“. Ова го известуваат од РЦУК.
#Локално
Коментари
Постави коментар