Ламбе Алабаковски и група Марифет вечерва ќе настапат пред прилепчани во храмот св.Петка

Ламбе Алабаковски и група Марифет вечерва ќе настапат пред прилепчани во црковниот храм св.Петка во прилепската населба Точила...

Во убавиот цветен двор во храмот св.Петка во прилепкста населба Точила вечерва пред прилепчани ќе настапи една од најпознатите музички ѕвезди во Македонија, Ламбе Алабаковски, но Алабаковски нема да настапува самостојно туку тој ќе биде придружуван од една од најпрестижните македоснки групи, групата Марифет.

Концертот под мотото „Од векови за векови“  е организиран од страна на црковниот одбр на концертите, а истиот е со почеток од 20 часот. Влезот за концертот е бесплатен.

„Почитувани прилепчани.Ни претставува задоволство да ви најавиме уште еден концерт, веќе утре, понеделник, на 29 јули, во прекрасниот амбиент на цветниот двор пред храмот „Св. Петка“. Овој концерт е дел од циклусот „Од векови за векови“ со цел да помогнеме во доизградбата на нашиот сакан храм.
Вечерта во понеделник пред вас ќе застане музичката звезда Ламбе Алабаковски, кој ќе настапи како вокал заедно со познатата група Марифет. Тие ќе изведуваат македонски евергрини од 80-тите и 90-тите години, народни песни и авторска музика на Ламбе, во аранжман на групата, создавајќи една уникатна и неповторлива музичка формација.
Дојдете да уживаме заедно под отворено небо, исполнето со музика, радост и хуманост. Вашето присуство ќе биде значајна поддршка во нашите напори за доизградба на храмот „Св. Петка“. Нека оваа вечер биде повод за заедничко уживање и зближување во верата и љубовта.“-велат од црковниот одбро на концертите „Од векови за векови“ од црковниот храм св.Петка.

#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови