Министерката за образование и наука, Весна Јаневска денеска е во работна посета на Охрид
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска денеска е во работна посета на Охрид. Таа со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков ги посети ОУ„Свети Наум Охридски“ во селото Пештани и Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошевски“...
Министерката за обрзование и наука на Македонија денеска е во работна посета на Охрид. Таа заедно со градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков ги посети ОУ„Свети Наум Охридски“ во охрдско Пештани и Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошевски“ во Охрид.
Јаневска посочи дека преку МОН во училиштето во Пештани се инвестирани 8.000.000 денари за енергетски ефикасната фасада и за реконструкција на санитарните јазли за пристап на деца со посебни потреби.
Министерката Јаневска за Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошевски“ рече дека реконструкцијата на овој објект се издолжила, но уверува дека учениците од 1 септември ќе се вратат во училишните клупи на овој центар.
„Реконструкцијата е при крај и се надевам дека од септември ќе се почне со работа. Тука се вложени 110 милиони денари, задоволна сум од она што го гледам и се надевам дека учениците од 1 септември ќе уживаат во образованието овде. Во текот на вчерашниот ден обезбедивме јавна набавка за опрема за училиштето - шкафчиња, клупи, столчиња, табли така што ќе биде спремно за физичка настава, а не онлајн“-ијази министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
Имено, Јаневска од Охрид пред наши колеги новинари одговараше на нивни прашања за актуелни теми кои ја заинтригираа јавноста кога е во прашање образованието, а таа најави ревизија на сите универзитети, со почеток во универзитетите каде што се пријавени неправилности.
„За се што ќе има пријава ќе се постапува. Веќе имаме пријави и почнуваме да постапуваме, како за Меѓународниот универзитет во Струга, за еден друг државен и уште еден приватен универзитет, така што штом ќе бидат готови ревизиите тоа ќе биде објавено. Дефинитивно стојам зад изјавата дека она што не ги исполнува условите нема да може да работи. Какви се инвестиции правиме за да има услови за работа и да се стекнува знаење, а ќе дозволиме таму каде нема услови да се работи, тоа не“-рече Јанвеска на новинрарските прашања.
Македонската министерка за образование Јаневска посочи за ревизијата за основното образование дека е направено одложување на имплементација на концепцијата за 7, 8 како и за 9 одделение.
„После разговори со Бирото за образование, многи средби, дојдовме до заклучок дека нема да има ефект врз образованието на децата и стопирани се тие програми. Во меѓувреме тече јавна расправа по оние програми што беа по концепцијата, за наставниците, родителите, учениците да дадат сугестии што во пракса сметаат не е добро, не функционира...Ние ќе ги прибереме сугестиите, ќе ги анализираме по што ќе ги направиме новите програми од септември, прво за 7, па за 8 и за 9 одделение. После тоа веројатно ќе се вратиме и на шесто, но прво да го средиме сето ова“-додава Јаневска.
Инаку, на предолог за едносменска настава Јаневска рече дека со таква практика ќе се започне во училиштата каде што има можност за остварување на таквата практика бидејќи, како што рече Јаневска бенефитот за децата е голем, а подолгиот престој на децата во училиште дека давал подобри резултати.
„Учениците ќе бидат една смена за тие да можат да бидат во училиште осум часа. Тоа не значи дека постојано ќе бидат осум часа над книга или ќе бидат на прадавања, туку ќе ги завршат домашните задачи, ќе учат, ќе има дополнителни наставни активности, секции, ликовно, музичко, хор, воннаставни активности, физичко, техничко, се она што модерното време го бара како образование. Тоа значи ќе бидат ангажирани и повеќе наставници, пред се со вклучување на оние кои немаат полн фонд часови, рече министерката Јаневска притоа истакнувајќи дека ќе се направи реорганизација во насока на искористување на искуствата и знаењата на наставниците за да се добијат подобри резулати кај учениците“-вели Јаневска кога е во прашање едносменската настава во училиштата.
На новинарско прашање „Дали од1 септември учебници ќе има?“ министерката Весна Јаневска рече дека учебници ќе има, освен за странски јазици за што како што рече Јаневска, новата Влада не е воопшто виновна.
„Многупати паѓани се тендери, враќани се постапките од разни причини. Немаме време сега со тоа да се занимаваме. Длабоко сум убедена дека по новите наставни програми, од следната година ќе има учебници по странски јазици“-додава министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
#Македонија
Коментари
Постави коментар