Прилепски The Hounds со концерт во клуб „Калинка“ ќе го прослават 16 роденден
Прилепскиот бенд The Hounds својот 16 роденден ќе го прослават во клубот „Калинка“..
Членовите на групата на официјалната страница од групата на социјалната мрежа фејзбук напишаа дека им е особена чест и задоволство и упатија роденденска покана за нивниот роденденски годишен концерт.
„Почитувани другари и другарки, наши пријатели. Со особена чест и задоволство ве покануваме на нашиот годишен роденденски концерт, кој ќе се одржи на 21ви Август 2024г. во центарот на чаршијата во Прилеп, пред клубот Калинка. На сцената нема да сме сами, традиционално ќе не придружуваат наши колеги, уметници, артисти. Заедно ќе направиме настан за паметење, кој со текот на годините прерасна во културен белег на градот, со преполн Прилеп и гости од цела Македонија. Се гледаме на 21ви Август, во срцето на чаршијата, секогаш во среда-16години Хаундс“-објавија членовите од The Haunds на официјалната фејзбук страница од групата.
#Локално
Коментари
Постави коментар