Koнцерт „Не бегај од опера“ во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп
Концерт под наслов „Не бегај од опера“ ќе се одржи во фоајето на НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...
Концерт под наслов „Не бегај од опера“ ќе се одржи на 15.7.2024 година во фоајето при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп, а истиот е со почеток од 19:30 часот.
На овој концерт ќе бидат изведени дел од најпознатите и највечатливи арии и дуети од оперите на Моцарт, Росини и Доницети. Од НУЦК„Марко Цепенков“ ве покануваат да уживате во патешествијата на истриот Фигаро како и на љубовните драми на Дон Жуан.
Солисти на концертот се Елеонора Џоџоска (сопран), Мартин Димитриевски (бас) и Аида Пипојан (сопран), а додека пак корепетитор на коннцертот ќе биде Галина Апостолова.
#Култура

Коментари
Постави коментар