„Prilep Beer Weekend“ од 9 до 11 август во Прилеп
Фестувалот на пивото „Prilep Beer Weekend“ ќе се одржи од 9 до 11 август годинава во Прилеп...
Познатиот прилепски фестивал посветен на пивото под новото име „Prilep Beer Weekend“ ќе се одржи од 9 до 11 август годинава во градот под марковите кули Прилеп. „Prilep Beer Weekend“ е фестивал кој како изминативе така и годиава за посетителите ќе понуди вкусна скара, ладно пиво и добра забава. Централната сцена за извдеба на музичкиот дел останува на истата локација пред филијалата од Комерцијална Банка А.Д Скопје.
На овогодинашното издание на овој фестивал ќе настапат околу 20 изведувачи од разни музички жанрови од Македонија и од балканот, а како што рече на денешната пресконференција Дарко Крстевски од Енент груп кои и годинава се организатори на овој фестивал ќе настапат Ван Гог, Амадеус Бенд, Суперхикс, Наум Петрески, Сања Вучиќ, а целосната музичка програма за овој фестивал ќе биде објавена во среда на 24.7.2024 година.
Имено, градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, изјави дека и годинава општината е подготвена да ги прими сите посетители кои ќе го посетат Прилеп во трите фестивалски вечери и тоа во однос на хигиената, јавниот ред и мир, водоснабдувањето и паркинг местата во целиот град.
Инаку, од Општина Прилеп донесоа одлука за време на трите фестивалски вечери работното време на угостителските објекти да биде продолжено за два часа.
#Локално
Коментари
Постави коментар