Еве кој музички имиња ќе настапат на овогодишниот „Prilep Beer Weekend“

Фестивалот на пивото и скарата „Prilep Beer Weekеnd“ годинава се одржува од 9 до 11 август, а еве кои музички имиња ќе настапат на фестивалот...

Поознатиот прилепски фестивал посветен на скарата и пивото „Prilep Beer Weekend“ или со старо име „Пиво Фест“ годинава ќе се одржи од 9 до 11 август. Локацијата за истиот останува иста во центарот на Прилеп, а главната музичка сцена како изминативе така и оваа година ќе биде поставена пред филијалата на Комерцијална Банка А.Д Скопје во Прилеп.

Од „Евент Гроуп“ кој и оваа година се организтори на овој фестивал во текот на вчерашниот ден ја објавија целокпуната музичка програма односно ги објавија сите музички имиња кои што ќе заземат музичко учество на фестивалот во трите фестивалски вечери.

Имено, на првата фестивалска вечер т.е на 9 август (петок) ќе настапат Ван Гог, Наум Петрески, Бојана Скендеровски и Диџеј Марио. 

Суперхикс, Том Нови, Таско и Огнен Здравковски  свој настап на музичката сцена од фестивалот ќе имаат на втората фестивалска вечер на 10 август (сабота), а додека пак на третата фестивалска вечер на 11 август (недела) на фестивалот свој настап ќе имаат српски Амадеус Бенд, Сања Вучиќ, Миле Кузманоски и Диџеј Боно.

Инаку, кои водители ќе бидат „заангажирани“ на овогодишниот „Prilep Beer Weekend“ засега останува непознато.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови