(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови

Втора фестивалска вечер на Prilep Beer Weekend. Настап имаа Таско, Огнен Здравкосвки, Суперхикс и Том Нови...

Пред филијалата на Комерцијална банка А.Д Скопје подружница Прилеп синоќа се одржа и втората фестивслска вечер на вториот по ред Prilep Beer Weekend.

На втората фестивалска вечер публиката имаше можност да ги види и слишни, а воедно помладата публика да се фотографира со музичките изведувачи кои настапуваа на фестивалската сцена синоќа, а тоа се Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови.

Најголем интерес и убаво расположение публиката покажа за време на настапот на Таско и на Огнен Здравковски. Неижбежен музички дел од програмата на Огнен Здравковски беше делот каде тој ги отпеа најубавите македонски рефрени на народни, а помалку и на патриотски песни како што се песните Земјо Македонска, песна која што Здравковски ја изведе како препев во проектот „Македонијо во срце те носиме“ кој што е под „Скендеровски Продукција“. Покрај песната „Земјо Македонски“ Здравковски ги изведе Бисер Балкански, Јовано Јаованке, Ја излези Ѓурѓо и други како од забавната така и од народната музичка сцена.

Имено, веднаш по настапот на Огнен Здравковски публиката ја забавуваше македонси Суперхикс и за крај на втората фестивалска вечер публиката имаше можност да го види и слушни Том Нови.

Христијан Ангелески


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

Времениот режим на сообраќај на патот кој ќе се гради од Прилеп до Битола договорен