Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески со честитка за Илинден
Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески по повод 2 август Илинден на социјалните мрежи излезе со честитка...
Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, по повод денешниот голем историски празник за Македонија 2 август Илинден на својот фејзбук профил се обрати со илинденска честитка до сите граѓани, а во истата вели дека илинден не потсетува на борбата и стремежот на македонскиот народ за слободна и самостојна држава.
„Илинден не потсетува на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава, 121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ.
Пожртвуваноста и храброста на илинденците, а подоцна и на борците од НОБ, претставува наша обврска која не задолжува секогаш, а посебно во овие исклучително бурни времина за македонската држава, да стоиме цврсто на браникот на татковината и да ги чуваме илинденските идеали и заложбите на АСНОМ“-вели градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, во својата честитка за Илинден.
Имено, Јовчески во неговата илинденска честитка додава дека има нов историски предизвик и обврска кон идните генерации, за создавање на достоинствена и меѓународно-почитувана држава.
„Денес, како генерации имаме и нов историски предизвик, но, и обврска кон идните генерации, да создадеме национално достоинствена и меѓународно – почитувана Република Македонија, која ќе чекори напред кон економски, европски и демократски развој! Нека ни е честит Илинден! За многу години Македонци!“-додава Јовчески во својата илинденска честитка.
#Локално
Коментари
Постави коментар