Венко Филипче: Исполнувањето на аманетот на нашите државотворници од Илинден и АСНОМ е нашата денешна борба за Македонија

Венко Филипче на македонските граѓани им го честиташе Илинден преку честитка на социјалните мрежи...

Денеска Република Македонија и нејзините граѓани го празнуваат еден од најзначајните и најисториски празници 2 август Илинден. Илинден е денот на илинденското востание против османлиите и денот на удирањето на темелите на македонската државност.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на социјалните мрежи излезе со илинденска честитка во која што вели дека исполнувањето на аманетот на нашите државотворници од Илинден и АСНОМ е нашата денешна борба за Македонија.

„Исполнувањето на аманетот на нашите државотворци од Илинден и АСНОМ е нашата денешна борба за Македонија. Денеска во Скопје во чест на 2 Август, одадовме почит пред споменикот на претседателот на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, пред споменикот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев и пред споменикот на АСНОМ.Благодарни сме за нивната борба со што се оствари сонот за слободна македонска држава.“-вели Филипче во неговата илинденска честитка.
Имено, Филипче додава дека денес е време за борба за подобар живот на младите како и за создавање на демократски институции и владеење на правото и почитување на различностите.
„Денес е време за борба за подобар живот на младите, создавање на демократски институции и владеење на правото, почитување на различностите и создавање општество во кое сите граѓани ќе бидат рамноправни. Нека е честит и вековит Илинден и АСНОМ. Нека е за многу години денешниот ден и да ни е вечна и вековита Републиката!“-додава Филипче во честитката.

#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови