Премерот на Македонија, Христијан Мицкоски денес беше на централната манифестација во Крушево, а на социјалните мрежи упати честитка по повод Илинден до сите граѓани на Република Македонија..
Република Македонија како и сите македонци ширум светот денес го празнуваат и чествуваат денот на ослободувањето на Република Македонија 2 август Илинден т.е ги прославува двата Илиндена едниот е во 1903 година, а другиот е во 1944 година. На Илинден Македонија ги прославува двата државотворни настани кои се од голема историска важност и тоа Илинденското востаие што се кренало против османлиите и Првото заседание на АСНОМ.
Со своја илинденска честитка на социјалните мрежи излезе и премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски кој вели дека илинден не е само историска приказна и историски сон, туку тој е историска вистина и е повик за сите нас.

„Илинден не е само историска приказна или историски сон, туку пред се историска вистина. Илинден е нашиот најсилен повик за акција и единство денес. Илинден е повик за сите нас – да продолжиме да се бориме за нашите права, за нашата култура, за нашата слобода. Забележете ги внимателно зборовите од Крушевскиот манифест кој освен тоа што ја слави слободарската идеја, неговата најголема порака е повикот за единство. Врз тоа единство се градеше Крушевската република, и во име на тоа единство сите го кренаа бајракот на слободата. Вистинското прашање и дилема денес е дали тоа единство постои во состојба кога борбата мора да трае, за да имаме победа. Борбата трае - потсетувајќи нѐ дека борбата за слобода, правда и за подобра иднина бара истрајност, храброст и единство. Од нив треба да научиме како се добиваат големите победи, бидејќи во битка може да изгубите, но важно е да победите во својата конечна цел.“-вели Христијан Мицкоски, премер на Македонија во својата илинденска честитка.
Мицкоски во својата илинденска честитка додава дека истрајноста, внимателноста и добриот план е стратегијата што треба да се користи
„Истрајност, внимателност и пред се добар план да се дојде до вистинската цел. Тоа е стратегијата што треба и ние да ја користиме, да бидеме гласни во нашите ставови, да имаме план и да бидеме истрајни. Борбата не е завршена! Борбата продолжува! Борбата ја водиме со секој наш изговорен збор, во секоја наша направена акција, со секоја наша мечта за подобра иднина. Борбата за иднина, борбата за Македонија во рацете на народот е нашата обврска. Ова е борбата на нашата генерација со која оставаме трага низ времето, цврсто верувајќи во нејзината исправност и големина. Нека е честит и вековит Илинден!“-додава Мицкоски во илинденската честитка.
#Македонија
Коментари
Постави коментар