Вечер на унгарски песни и танци пред НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Вечер на унграски песни и танци се одржа пред платото од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

Пред платото од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп во многу пријатна и забавна атмосфера синоќа со почеток од 20 часот се одржа традиционалната унграска вечер на песни и танци. На концертот учество зазедоа оркестарот „Јухас“од Војводина и фолклорното уметничко друштво „Дуна Танода“ од Баја, Република Унгарија. Од домот за култура во Прилеп најавија дека концертот е дел од многуте манифестации во организација на самиот дом за култура, а истиот е организиран во соработка со Здруженето на унгарците во Македонија „Теледом“ и Амбасадата на Унгарија во Македонија.

На синоќешниот концерт публиката уживаше во секој отсвирен тон и во секој реализиран „играорски“ чекор, а неизбежен дел од концертот беше и изведбата на најпознатата македонска песна „Македонско девојче’’ која што беше отсвирена и испеана од страна на оркестрот „Јухас’’. На крај публиката беше убаво расположена кога заедно со членовите на фолклорното друштво „Дуна Танода“ одигра едно  убаво традиционално оро.

Имено, концертот се одржува од 2019 година но во периодот од 2020 до 2023 година истиот беше во прекин поради пандемијата од корона вирусот. На синоќешниот концерт на унграски песни и танци присутен беше градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, прилепскиот пратеник во Македонкото Собрание, Дејан Проданоски, претседателот на Советот на Општина Прилеп, Ирена Стерјовска-Локвенец како и директорот на НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп, Марија Попова-Јованоска.

„Македонско девојче“ во изведба на оркестрот „Јухас“

Оркестарот Јухас е формиран во 2000 година, а тој со текот на неговите години од успешната работа станал еден од најистакнатите оркестри на народни песни во Вовојдина во соседна Република Србија, како и на сите територии каде што се зборува унгарскиот јазик. Членовите на оркестрот се добитници на повеќе награди и признанија како во Вовојдина така и во Унгарија и во другите европски земји. Членовите на оркестрот велат дека годишно одржуваат околу сто настапи како што се самостојните концерти или концерти во придружба на фолклорни ансамбли.

Фолклорното друштво „Дуна Танода“ е формирано во 2019 година во градот Баја, Република Унгарија. Фолклорното друштво има за цел да ги научи младите за автентичната и звучно-вокалната народна унгарска музика и народни унграски танци. Членовите на друштвото се учесници на голем број натпревари и фестивали како во Унгарија така и во други земји од блканот и светот, а со тоа тие ја претставуваат унгарската традиција и култура.

Христијан Ангелески

#Култура


Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови