Вечерва почнува прилепскиот фестивал „Prilep Beer Weekend“

Вечерва со настапот на диџеј Марио започнува прилепскиот фестивал „Prilep Beer Weekend“...

Со настапот на диџеј Марио од 18 часот започнува познатиот фестивал на пивото и скарата прилепски „Prilep Beer Weekend“. Вечерва на првата фестивалска вечер покрај диџеј Марио ќе настапат бисерното грло на македонската музичка сцена Наум Петрески, веднаш после настапот на Наум Петрески фестивалската сцена поставена пред филијалата на Комерцијална банка А.Д Скопје подружница Прилеп ќе и припадне на Бојана Скендеровски, а првата фестивалска вечер со свој настап ќе ја затворат српски Ван Гог.

Од организацијата „Евент груп“ во текот на вчерашниот ден ги открија водителите на овогодишниот фестивал, а тоа се Ване Маркоски и Ева Јованоска. Од Општина Прилеп изјавија дека за време на прилепскиот „Prilep Beer Weekend“ угостителските објекти во Прилеп ќе работат со продолжено работно време за два часа.

Екипата на Инфо-Прилеп се надева дека ќе уживате најпрво во музичката, а потоа и во секоја друга програма за време на тридневниот „Prilep Beer Weekend’ во центарот на Прилеп.


#Култура


Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Од „Пушти коси“ до „ И тебе сам сит кафано“ синоќа на Пиво фестивалот во Прилеп

Прилеп со 8 милиони евра ќе инвеститра нови развојни програми