(Видео) Со настапот на диџеј Марио вечерва започна прилепски „Prilep Beer Weekend“
Вечерва со настапот на диџеј Марио започна прилепскиот фестивал „Prilep Beer Weekend“...
Со настапот на диџеј Марио од 19 часот вечерва започна добро познатиот прилепски фестивал посветен на пивото и скарата под новото име „Prilep Beer Weekend“.
Веднаш после настапот на Марио свој настап имаше бисерното грло на македонската музичка сцена, Наум Петрески кој оваа година на фестивалот на публиката и понуди многу убави македонски рефрени како Не ме чекај Милице, Лено Ленче, Желба последна, Љубов голема и други кои овој пат на овогодишниот фестивал ги отпеа заедно со својата сопруга, пејачката Зуица Лазова.
Откако Наум и Зуица ја „заграа“ музичката атмосвера, со свој настап од 22:30 часот прилепчани и сите посетители на фестивалот ги забавуваше добро познатата пејачка како на забавната така и на народната музичка сцена, Бојана Скендеровски. Скендеровски во својот настап изведуваше како забавни така и народни патриотски песни. Најголем впечаток и кај публиката и кај другите естрадни уметници остави тоа што Скендеровски изведувајќи ги македонските патриотски рефрени на себе носеше наметка во црвена боја и истите ги отпеа држејќи го македонсото знаме во рацете.
Имено, за крај на првата фестивалска вечер имавме можност да уживаме во хитовските песни на еден од најпознатите рок бендови на балканските простори, а тоа е бендот Ван Гог.
Инаку, фестиавлот за отворен го прогласи градоначалникот на Општина Прилеп кој изјави дека фестивалот на пивото и скарата во Прилеп носи прекрасна енергија.
„Фестиавлот на пивото и скарата носи прекрасна енергија во нашиот град многу посетители, кои што во овие три дена ќе уживаат во нашата вкусна скара, ладно пиво и прилепската гостопримливост. Во интерес на развој на локалната економија, во интерес на подобрување на животот на граѓаните на Прилеп и Македонија, во интерес на добрата забава и за уште многу културни и вакви забавни манифестации, заедно да наздравиме за развоен и успешен Прилеп и заедно да и даваме поддршка на Македонија. Да ја чуваме и зачуваме за подобар живот на сегашните и идните генерации. Уживате и наздарвје!’’-рече во своето обраќање пред присутната публика Борче Јовчески, градоначалникот на Општина Прилеп.
Покровители на овогодишното издание на прилепскиот фестивал „Prilep Beer Weekend“ се Општина Прилеп како генерален покровтел, Прилепска Пивара, Витаминка и Скопска пивара како златни спонзори, ИмпериалТобако, Тиквеш и Мермерен Комбинат А.Д Прилеп како сребрени спонзори, а спонзори на фестивалот уште се Комерцијална Банка А.Д Скопје, Футура, Комфи Ангел и Кули Прилеп.
#Култура
Коментари
Постави коментар