Диџеј Боно, Миле Кузмановски, Сања Вучиќ и Амадеус бенд вечерва на „Prilep Beer Weekend“

Трета фестивалска вечер на „Prilep Beer Weekend“...

Пред филијалата на Комерцијална Банка А.Д Скопје во центарот на Прилеп вечерва ќе се одржи третата и последна фестивалска вечер од прилепскиот фестивал посветен на пивото и скарата „Prilep Beer Weekend“.

На третата фестивалска вечер публиката ќе има можност да ги види и слушни диџеј Боно, Миле Кузмановски, Сања Вучиќ и Амадеус бенд.

Главната цел на фестивалот е добрата скара, ладното пиво и убавата забава со домашни и странски естрадни музички уметници.

Имено, заклучно со вечерва работното време на угостителските објекти е продолжено за два часа. Одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти беше донесена од страна на Општина Прилеп.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Од „Пушти коси“ до „ И тебе сам сит кафано“ синоќа на Пиво фестивалот во Прилеп

Прилеп со 8 милиони евра ќе инвеститра нови развојни програми