(Видео) Публиката на третата фестивалска вечер од „Prilep Beer Weekend“ имаше можност да ужива во настапите на Миле Кузмановски, Сања Вучиќ и Амадеус Бенд

На третата фестивалска вечер од „Prilep Beer Weekend“ публиката имаше можност да ги види и слушни Миле Кузмановски, Сања Вучиќ и Амадеус бенд...

Во централното градско подрачје на плоштадот „Александрија“ во Прилеп синоќа се одржа третата финална фестивалска вечер од прилепскиот фестивал посветен на пивото и скарата „Prilep Beer Weekend“.

На третата и последна фестивалска вечер публиката имаше можност да ги види и слушни, а и да ужива во настапите на Миле Кузмановски, Сања Вучиќ и Амадеус бенд. Како изненадување за сите и за публиката и за медиумите беше настапот на Сашо Башески на последната фестивалска вечер. Башески ја отпеа „Македонско девојче“ песна со која што се претсатви и учевствуваше во едно од најгледаните балкански музички шоу програми „Никогаш не е доцна“.

Веднаш по настапот на Башески, фестивалкската сцена му припадна на Миле Кузмановски кој што ја забавуваше публиката околу час и половина со добра македонска музика. Кузмановски покрај неговите добро познати хитовски Крал без круна, Не кани ме... отпеа неколку хитовски песни како од Гоце Арнаудов така и од Војо Стојановски. За време на настапот на Кузмановски во бекстејџот се изигра и традиционално македонско оро.

По завршувањето на настапот на Кумзнаовски фестивалската сцена и припадна на музичката ѕвезда на вечерта, а и на целиот фестивал Сања Вучиќ. Со својот настап Вучиќ направи „бум’’ и публиката уживаше и беше во пријатно расположение од самиот почеток до самиот крај на настапот на Вучиќ. Секако, неизбежен дел од настапот и присуството на Вучиќ во Прилеп беше и фотографирањето на публиката заедно со Сања, а ние не ја испуштивме таа прилика па направивме неколку фотографии со Сања.

Имено, за крај на третата фестивалска  вечер и за крај на целата музичка програма од фестивалот настапија српскиот бенд Амадеус. Членовите од Амадеус бенд не штедеа ниту глас ниту ноти, така што и тие приредија убава забава за прилепчани и за сите останати посетители на фестивалот. Амадеус највеќе обрнаа внимание на нивните добро познати хитовски песни како што се Изнад колена, Ако мене питате, Није свеједно и други.

Ева Јовановска и Ване Маркоски, водители

Инаку, публиката имаше можност да ги види и слушни Ева Јовановска и Ване Маркоски кои беа во улога на водители на вториот по ред „Prilep Beer Weekend“.

Христијан Ангелески


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови