За време на „Prilep Beer Wekeеnd“ јавниот градски превоз со вонреден возен ред
Јавниот градски превоз во Прилеп со неделн (вонреден) возен ред за време на „Prilep Beer Wekееnd“...
Во петок на 9.8.2024 година започнува тридневниот фестивал на пивото и сакрата прилепски „Prilep Beer Wekeend“, а булеварот „Гоце Делчев“ од четврток на пладне ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај. Поради фестивалот од прилепскиот градски превоз излегоа со известување дека од четврток (8.8.2024 година) до понеделник (12.8.2024 година) автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред.
„Поради најавениот Фестивал на пивото и скарата насловен како " Prilep Beer Weekend " булеварот Гоце Делчев ќе биде забранет за движење на сите возила , поради тоа автобусите на Автобуски Градски Превоз почнувајќи од четврток(08.08) до понеделник(12.08) ќе сообраќаат по НЕДЕЛНА(ВОНРЕДНА) ЛИНИЈА почнувајќи од 6.30 часот х.Салида односно 6.30 часот постојка Трло Варош на секои 60 минути, последно тргнување на автобусите ќе биди во 15.30 часот од х.Салида односно Н.Гробишта. Со почит, Автобуски Градски Превоз“-стои во известувањето од јавниот автобуски градски превоз од Прилеп.
#Локално
Коментари
Постави коментар