Саша Матиќ го најави солистичкиот концерт во Скопје

 Пејачот Саша Матиќ ќе одржи голем солистички концерт во Скопје...

Добро познатиот и признат српски фолк пејач Саша Матиќ го најави својот прв голем и долгоочекуван солистички концерт во Македонија. Солистичкиот концерт на Матиќ е закажан за 21.12.2024 година во Арената Борис Трајковски во Скопје.

Имено, концертот на Матиќ е во организација на продукцијата „Балкан Медиа“, а како што велат од продукцијата концертот ќе биде предоновогодишен. Од „Балкан Медиа“ додаваат дека Матиќ веќе две години го подготвувал својот нов албум кој премиерно ќе биде изведен на неговиот концерт во Скопје, а исто така велат дека пејачот на концертот во Скопје ќе приреди спектакл и ќе ја потсети публиката на своите добропознати парчиња на музички хитови. Влезниците за солистичкиот концерт на Матиќ се движат по цена од 700 до 10.000 денари.

Инаку, кога сме веќе кај концертите свои солистички концерти во Скопје имаат закажано Марија Шерифовиќ, Теа Таировиќ, Александра Пријовиќ, Јелена Карлеуша, Калиопи Букле и други.

#Естрада

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови