Нина Бадриќ со голем концерт во Скопје
Хрватската пејачка Нина Бадриќ ќе одржи голем концерт во Скопје...
Познатата хрватска пејачка Нина Бадриќ во соработка со eventum.mk ќе одржи концерт во Скопје. Локацијта на концертот е веќе позната и истата е во Македонската филхармонија. Концертот на Бадриќ е закажан за 27.10.2024 година и истиот е со почеток од 20 часот.
Имено, Бадриќ по шест годишна пауза ќе одржи солистички концерт во Македонија т.е во Скопје , а таа на концертот ќе ги изведе нејзините добропознати и признати безвременски песни кои што и се добри хитови не само во Македонија и Хрватска туку и на целиот балкан.
Инаку, продажбата на влезниците ќе започне од 14.9.2024 година, а како што пишува порталот „Музика 24“ за дополнителни информации ќе треба сите малку да бидеме трпеливи бидејќи, наскоро организаторите ќе излезат со дополнителни информации околу овој концерт на Бадриќ во Скопје.
#Естрада
Коментари
Постави коментар