Временска прогноза и временска најава

Според податоците на УХМР времето ќе биде...

Според податоците на УХМР времето денеска е променливо облачно, со повремени врнежи од дожд проследени со ретки грмежи, а долж Повардарието дува повремено засилен ветер од северо западен правец, Дневниот температурен максимум ќе биде во интервалот од најниски 10 до највисоки 26 степени целзиусови.

Според податоците од УХМР утре не очекува сончево со мала до умерена облачност време, а ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта четврток кон петок ќе има услови за појава на локален дожд. Дневниот температурен максимум ќе биде во интервалот од најниски 7 до највисоки 30 степени целзиусови.

Прогноза за 13.9.2024 година (петок)

Според податоците на УХМР во петок не очекува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец кој повремено ќе засилува. Дневнниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски 10 до највисоки 28 степени целзиусови.

Прогноза за 14.9.2024 година (сабота)

Според податоците на УХМР во сабота не очекува променливо облачно време, а во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и изолирана појава на грмежи. Ќе дува умерен, а во јужните делови засилен ветер кој претежно ќе биде од југозападен правец, Дневниот температурен максимум ќе се движи во интерваллот од најниски 11 до највисоки 25 степени целзиусови.

Прогноза за 15.9.2024 година (недела)

Според податоците од УХМР во недела времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски 8 до највисоки 23 степени целзиусови.

Временска најава

Во текот на утрешниот ден ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од петок се очекуваат нови врнежи од дожд како и локална појава на грмежи проследени со засилен ветер. Во петок, а ососбено во сабота ќе дува југозападен ветер кој повремено ќе засилува, а потоа не очекува северен ветер кој ќе придонесе кон пад на темепертатурите.


Извор на информации: УХМР

#Сервисни информации

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови